Вардар тренираше на стадионот Сконто каде утре ќе се обиде да направи чудо (ФОТО)
„Црвено-црните“ загубија со 2-3 на домашен терен, па во летонската престолнина, на стадионот Сконто ќе се обиде да направи чудо и да ја продолжи својата европска одисеја за оваа сезона.
Попладнево „вардарци“ тренираа на стадионот каде ќе се игра утрешниот меч, го почувствуваа теренот и се надеваат на голем успех. Натпреварот меѓу Рига и Вардар се игра утре од 19 часот.







