Барселона има ново чудо: Флик ќе му даде шанса на 16-годишен фудбалер
Во центарот на вниманието е 16-годишниот Ибрахима Тункара, момче кое веќе се смета за еден од најголемите бисери на каталонскиот гигант и кое наскоро би можело да добие шанса меѓу сениорите.
Според шпанските медиуми, тренерот Ханси Флик е воодушевен од неговите настапи на подготовките и планира постепено да го вклучува во работата на првиот тим. Иако има само 15 години, Тункара веќе покажува зрелост, техничка поткованост и самодоверба кои ретко се гледаат кај играч на таа возраст.
Тункара е роден во Гамбија, но уште како дете се преселил во Шпанија, каде што многу брзо бил забележан од скаутите на Барселона и приклучен на „Ла Масија“. Настапува за младинските репрезентации на Шпанија, а неодамна блесна на Европското првенство до 17 години, каде што постигна гол, запиша две асистенции и беше меѓу најдобрите поединци на турнирот.
Дополнителна потврда за неговиот огромен потенцијал стигна и на неодамнешниот пријателски натпревар на Барселона против нисколигашот Еуропа, на кој Тункара се запиша меѓу стрелците во победата од 4-1, оставајќи силен впечаток кај стручниот штаб.
Во Барселона не сакаат да брзаат со неговиот развој, но веруваат дека пред себе имаат играч кој во иднина може да стане една од новите ѕвезди на клубот. Токму затоа Флик планира уште оваа сезона да му даде можност да тренира и повремено да настапува со првиот тим, следејќи го патот по кој неодамна се проби и Ламин Јамал.