Пропадна договорот: Пирло остана без најголемиот предизвик во тренерската кариера!

Aндреа Пирло нема да биде нов селектор на Италија, иако договорот требаше да го потпише денеска.

Поранешниот тренер на Јувентус кој во овој момент работи во Дубаи беше пред најголемиот предизвик во кариерата и зделката веќе беше договорена, спека целата работна пропадна поради неговата соработка со руска обложувалница.

„Да ѝ се припишува политичко значење на таа соработка значи да ми се припишуваат ставови што никогаш не сум ги изнел и кои не ги делам“, одговори Пирло на новинарско прашање на оваа тема.

Сепак, поради бурните реакции во јавноста претседателот на федерацијата, Малаго одлучил да побара ново решение. Договорот некогашниот фудбалер за врска требаше да го потпише денеска.

Но, медиумите во Италија веќе пишуваат дека сега под знак прашалник во федерацијата е и иднината на Малдини и Леонардо кои имаат директорски позиции во спортскиот сектор. Наводно, тие не се сигурни дали сакаат да останат кога на Пирло не му било дозволено да ја преземе репрезентацијата.

Кога е селекторската позиција во прашање претходно, како преостанатите двајца фаворити се споменуваа Роберто Манчини и Антонио Конте.