Нигериец од Тиквеш е стрелец на првиот гол во сезоната во Првата лига (ВИДЕО)

Тиквеш и Арсими играат извонреден натпревар на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

До пред крајот на првото полувреме беа постигнати вкупно пет гола, а стрелец на првиот беше нигерискиот интернационалец Тоххиб Лавал кој го отвори резултатот во 18. минута. Подоцна истиот играч погоди уште еднаш, му се придружи Сила со два гола, додека за Арсими погоди Рамадани, па по 45 минути игра резултатот е 4-1 за кавадаречкиот тим.

И минатата сезона овие две екипи одиграа фантастично ефикасен меч во Кавадарци. Тиквеш тогаш водеше со 3-1 до 84. минута, но на крајот Арсими славеше со 4-3.