Мбапе му се пофалил на Перез дека го убедил Олисе да се пресели во Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе наводно одиграл важна улога во обидот „кралскиот клуб“ да го доведе крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Мајкл Олисе.

Според германскиот „Билд“, францускиот репрезентативец го информирал претседателот на Реал, Флорентино Перез, дека успеал да го убеди својот сонародник да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно, Мбапе и Олисе имале чести разговори за време на Светското првенство, при што напаѓачот на Реал му ги претставил сите предности од евентуалниот трансфер во Мадрид. Освен спортскиот проект, Мбапе му зборувал и за животот во шпанската престолнина, истакнувајќи ги климата, градот и начинот на живот.

Во извештајот се наведува и дека Олисе е силно мотивиран да ја освои Лигата на шампионите и смета дека со Реал Мадрид би имал поголеми шанси да стигне до најпосакуваниот европски трофеј отколку доколку остане во Баерн Минхен.

Засега нема официјална потврда од ниту еден од двата клуба за можен трансфер, но шпекулациите за можен трансфер на Олисе во Реал Мадрид сè повеќе добиваат на интензитет.