Готово е: Челси комплетира уште еден голем трансфер! (ФОТО)

Челси продолжува со засилувањата во летниот преоден рок, откако новинарот Фабрицио Романо објави дека документите за трансферот на Валентин Барко веќе биле потпишани.

Младиот аргентински фудбалер пристигнува од Стразбур, а трансферот беше најавен уште пред неколку месеци. Сега сите формалности се завршени и Барко наскоро ќе биде промовиран како ново засилување.

Светскиот клупски шампион не планира тука да застане, туку веќе работи на следниот трансфер, а тоа е Максенс Лакроа од Кристал Палас.

Лакроа веќе даде „зелено светло“ за преселба во Челси, а во тек се преговорите меѓу двете екипи.

Фото: Chelsea Football Club