Мекгрегор бара да се поништи борбата со Холовеј
Мекгрегор, според првичните информации, има повреда на лигамент на десната нога и ќе мора да оди на операција.
„Борбата треба да се поништи и да се вратат сите пари од обложувањата“, објави Мекгрегор по борбата која му донесе 30 милиони евра.
Ова не е првпат Мекгрегор да бара промена на резултат на натпревар поради повреда, зашто пред пет години имаше идентично барање по борбата против Дастин Поирие.