Тухел има огромна шанса да им се придружи на Липи и Дел Боске

Светското првенство се ближи кон крајот и денеска влезе во својата последна недела, а во конкуренција останаа само уште Франција, Шпанија, Аргентина и Англија.

Во центарот на вниманието сега е англискиот селектор Томас Тухел кој може да го запише своето име во историјата на фудбалот. Само двајца менаџери досега успеале да ја освојат и Лигата на шампионите и Светското првенство. Единствените што досега го направиле тоа се Марчело Лили и Висенте Дел Боске. Томас Тухел ќе има шанса да им се придружи оваа година имајќи предвид дека веќе има титула од ЛШ, освоена со Челси во 2021 година.

Освен тоа, германскиот стручњак може да стане прв селектор-странец кој успеал да освои титула на светските првенства.

Тој и англиската репрезентација прво ќе треба да ја победат Аргентина во полуфиналето, а потоа и победникот од дуелот Франција-Шпанија.