Мурињо имал разговор со Винисиус, станува јасна иднината на Бразилецот!
Информациите од Шпанија велат дека Жозе Мурињо лично му се јавил на Винисиус и му кажал дека го смета како многу значаен дел од тимот.
Му рекол дека во Реал Мадрид престојат големи и возбудливи работи и дека сака и тој да биде дел од проектот.
Телефонскиот разговор завршил со задоволство на двете страни. Се верува дека Мурињо ќе биде еден од клучните во убедувањето на Винисиус да остане.
Бразилецот во овој момент е на одмор по настапот на Светското првенство, а кога ќе се врати во Мадрид, се очекува за брзо да стави потпис на нов договор.