Леонид Игнатов погоди во 92. минута и спречи разочарување во Мостар (ВИДЕО)

Maкедонскиот фудбалер Леонид Игнатов беше херој за босански Вележ откако денеска во последните моменти од натпреварот против Милсами го спаси својот тим од пораз во квалификациите за Конференциската лига.

Игнатов во игра влезе во 65-тата минута на местото на Месиќ во во втората минута од судиското продолжение стрелаше за реми. Oвој гол за него беше и првенец во дресот на босанскиот состав.

Така Вележ сега ќе оди без негатива на реваншот во Молдавија за седум дена.