Фиго го нападна Мартинез: Уништи златна генерација на фудбалери!

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго испрати жестока порака по дебаклот на Португалија на Светското првенство (СП).

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид го критикуваше тренерот Роберто Мартинез и кажа дека не го искористил големиот потенцијал кој го имал на располагање.

„Не сум зачуден што загубивме од Шпанија затоа што имаме просечен тренер кој секогаш има среќа да добие голема работа. Роберто Мартинез е истиот стратег, кој не можеше да освои ништо со златната генерација на Белгија. Уништи златна генерација на фудбалери“, кажа Фиго.

Мартинез даде оставка по елиминацијата од Мундијалот, а негов наследник треба да биде Жорге Жесус.