Бразилска старлета ќе го тетовира ликот на Меси – помеѓу нозете!
Таа иако е Бразилка, со години наназад јавно ја истакнува својата поддршка за Аргентина и Меси, а на своето тело веќе има неколку тетоважи посветени на аргентинската суперѕвезда. Сега најави нов проект за кој тврди дека ќе предизвика големо внимание.
„Ги имам овековечено успесите на Меси со тетоважи, но овојпат сакам да направам нешто уште повпечатливо и понезаборавно. Планирам нова тетоважа, и тоа на интимен дел од моето тело, со посвета што ќе го шокира светот“, изјави Кортез.
Манекенката најави дека нема да остане само на тоа и дека планира да биде присутна и на следните натпревари на аргентинската репрезентација.
„Не се само тетоважите. Подготвувам и други изненадувања поврзани со натпреварите на Аргентина. Сакам да уживам во фудбалот со страст, креативност и добра атмосфера“, додаде таа.