Видовме како изгледа: Алмирон беше исклучен со „правивлото на Винисиус“ (ВИДЕО)

Изминатата вечер на Мундијалот за првпат видовме како функционира новото правило кое ФИФА го воведе пред почетокот на Светското првенство.

Имено, по инцидентот помеѓу Винисиус Жуниор и Престијани, ФИФА одлучи секое прикривање на устата додека фудбалерот се обраќа на противнички играч да се казнува со исклучување.

На дуелот помеѓу Турција и Парагвај за таква ситуација исклучен беше Алмирон, судијата Иван Бартон беше повикан од ВАР собата, а кога јасно го забележа потегот Парагваецот беше испратен во соблекувалната, сепак и во така Турција не успеа да дојде до израмнување.