Турција постави неславен рекорд на СП, ова не му се случило на никој друг!
Турците ги загубија сите шанси за продолжување во нокаут фазата, па последниот дуел против САД нема да има никакво резултатско. Особено впечатлив е податокот дека Турција се прости од Мундијалот без постигнат гол, иако во првите две средби упатила дури 62 удари кон противничките голови.
На натпреварот против Австралија турските фудбалери шутираа 30 пати, а против Парагвај додадоа уште 32 обиди. Според статистичките податоци, станува збор за најголем број удари без постигнат погодок во низа од два натпревари на светските првенства откако се води детална статистика, односно од 1966 година.