Пораз на Турција од Парагвај и елиминација од Светското првенство! (ВИДЕО)

Турците го доживеаа и вториот пораз на Светското првенство, овојпат загубија од Парагвај со 1-0 и се елиминирани од Мундијалот уште во групната фаза.

Единствениот гол на мечот падна по 64 секунди игра, а стрелец беше Галарза со прекрасен шут од далечина.

Откако поведе со 1-0, Парагвај се бранеше со сите сили. Во судиското продолжение од првиот дел Алмирон заработи црвен картон поради прикривање на устата, активирано беше новото правило.

Целото второ полувреме Парагвај го играше со фудбалер помалку, но успеаа да одолее на турските напади.

Турција имаше 78 проценти посед на топка, дури 32 шута кон голот на Парагвај, од нив само пет беа во рамките од голот. 

По две одиграни кола во оваа група, прва е селекцијата на САД со шест бодови, Австралија и Парагвај имаат по три, а Турција е без бодови.

Турците се првата земја која е официјално елиминирана од Мундијалот бидејќи во ниту еден случај не може да се качат на третата позиција на табелата до крајот на групната фаза.