Бразил не греши двапати, убедлив триумф над Хаити (ВИДЕО)

Бразил со 3-0 го победи Хаити во второто коло на Светското првенство, сите три гола беа постигнати во првото полувреме, Мароко славеше над над Шкотска минимално со 1-0.

По ремито во првото коло, Бразил ја оствари првата победа на Светското првенство откако го совлада Хаити.

Анчелоти овојпат во стартниот состав го стави Куња и тоа се покажа како вистински потег.

Токму со два негови гола Бразил дојде до водство од 2-0. Куња погоди во 23 и 36 минута.

Во судиското продолжение од првото полувреме реализираше и Винисиус Жуниор за конечни 3-0.

Победа од 1-0 забележа Мароко над Шкотска. Интересно за овој дуел е што единствениот погодок беше постигнат во втората минута, стрелец беше Саибари.

По две одиграни кола Бразил и Мароко имаат по четири бодови, Шкотска има три, а Хаити е без бодови.