Иваноски потпиша за еден од најголемите словенечки клубови!

Македонскиот ракометар, Михаил Иваноски, во наредната сезона ќе го носи дресот на словенечкиот ракометен клуб, Горење Велење.

Михаил Иваноски замина од Ајдовшчина со која ја освои Втората лига во Словенија и се пресели во тимот на Горење Велење.

„Во РК Горење Велење, со задоволство го поздравуваме новото засилување на позицијата десно крило, на нашиот клуб му се придружува 23-годишниот македонски ракометар Михаил Иваноски, кој во иднина ќе го носи црно-жолтиот дрес“, стои во соопштението на Горење.

Иваноски оваа сезона ја започна во Алкалоид откако се врати од Дубичица. Но, по една полусезона замина во Ајдовшчина каде работеше со тренерот Раде Стојановиќ и имаше одлична завршница на сезоната.