Спортската иднина на Македонија ја почна борбата за - свет без отпад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Плазма Спортските игри за млади во соработка со долгогодишниот партнер „Кока Кола“ промовира уникатен проект „Zero Waste“, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот. 

Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронајдат причини и решенија за проблемите со одржлив развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за сортирање на отпадот на полигонот СИМ. Со оваа кампања, Coca Cola сака да придонесе за најпозитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во согласност со повеќегодишниот проект Свет без отпад.