Миовски: Овие дуели со силни ривали се одлични да се подготвиме за идните предизвици

Македонија одигра нерешено на гостувањето кај Босна и Херцеговина во Сараево, а македонскиот напаѓач Бојан Миовски ги сподели своите импресии од дуелот.

Миовски кажа дека во репрезентацијата има многу нови фудбалери, а натпреварите против силни противници треба да им помогнат за тоа што им следува во иднина

„Имаме многу нови играчи. Во првите 45 минути се играше цврст натпревар. Ние имавме шанси, а имаа и тие, но за жал двете екипи не ги искористија. Се воигруваме, имаме нова формација, мислам дека овие натпревари со одлични противници ќе се подготвиме за тоа што ни следува во иднина“, кажа Миовски.

Репрезентацијата на Македонија следниот пријателски дуел го игра на 1 јуни против Турција.