Ница го растури Сент Етјен и обезбеди опстанок во Лига 1

Фудбалерите на Ница триумфираа со 4-1 против Сент Етјен во баражот за место во француската Лига 1.

Првото полувреме помина без голови, но затоа Ница го отвори резултатот преку Клаус во 62. минута.

Сент Етјен успеа да израмни од пенал во 79. минута, но само две минути подоцна Ница со втор погодок го врати водството.

Ница постигна уште два гола до крајот на натпреварот, и тоа преку Ејле Сепе Вахи и со 4-1 обезбеди опстанок во елитата.

Фото: Facebook/OGC Nice