Аргентинците можат да здивнат: Објавен медицинскиот извештај на Меси!

Лионел Меси мораше предвреме да го заврши натпреварот меѓу Интер Мајами и Филаделфија, а многумина се исплашија дека се повредил на две недели пред почетокот на Светското првенство (СП).

Медицинскиот извештај, сепак, покажа дека Меси нема никаква повреда и Аргентинците можат да здивнат затоа што нивниот капитен ќе биде подготвен за настап на Мундијалот.

Аргентина треба да одигра пријателски натпревари против Хонудар и Исланд пред почетокот на СП 2026.

Фото: Facebook/Inter Miami CF