Чистка на „Сан Сиро“: Милан ги отпушти Алегри и уште тројца директори!

Милан доживеа катастрофа во последното коло од Серија А, односно загуби од Каљари, а со тоа остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), по што претседателот на клубот реши да избрка неколку важни лица.

Прв на листата беше Масимилијано Алегри, кој целосно потфрли во финишот од сезоната и поради тоа нема повеќе да биде тренер на „росонерите“.

Откази им беа дадени и на извршниот директор Џорџо Фурлани, директорот Игли Таре и предводникот на скаутинг-службата Џефри Монкада.

Иако во еден момент се бореше и за титулата, Милан сепак на крајот заврши на петтата позиција со 70 бодови.

Фото: Facebook/AC Milan