Македонија ЃП со победа против Силекс се збогува од ПМФЛ
Скопската екипа поведе со голот на Еступниан во 15. минута, по што Филип Мишов од пенал донесе израмнување за Силекс во 32. минута.
Македонија ЃП на почетокот на вториот дел погоди преку Екснеидер Гереро два пати и поведе со 3-1, а потоа Илија Донов намали на 2-3 и ја врати неизвесноста.
Силекс немаше сила за трет погодок, па казната стигна преку Ајдоган кој стрелаше за конечни 4-2 и победа на „лавовите“.
На вториот меч, кој се одигра во истиот термин Работнички загуби од Тиквеш со 1-3. Екипата од Кавадарци поведе со погодокот на Лавал во 32. минута, а само три минути подоцна Стојкоски зголеми на 2-0 за Тиквеш.
Сила го запиша третиот погодок за гостинската екипа во второто полувреме, а до крајот Работнички погоди преку Белица за конечни 1-3.
Во понизок ранг се селат Шкупи, Работнички и Македонија ЃП, додека Брера Струмица и Пелистер ќе играат бараж.