Звезда на колена, Партизан прв финалист во АБА лигата

Бранителот на титулата Партизан е прв финалист во  АБА лигата откако со 2-0 го елиминира својот најголем ривал Црвена Звезда.

Откако пред три дена славеа како формални домаќини, „црно-белите“ триумфираа и вечерва, со 89-78 и експресно ставија крај на серијата. Противник во финалето ќе им биде подобриот од пресметката меѓу Дубаи и Будуќност каде тимот од ОАЕ вечерва поведе со 1-0, по победата од 104-90.

Партизан немаше никакви проблеми на денешниот натпревар, првата четвртина ја доби со 28-16, а на голем одмор замина со +16 (49-33). Предноста во третиот период отиде и на 20 поени (60-40), а Звезда во ниеден момент во второто полувреме не успеа да намали не едноцифрена негатива.

Оваа сезона Партизан и Звезда одиграа шест меѓусебни дуели во три натпреварувања, а „црно-белите“ водат со 4-2. Уште еднаш можат да играат во финалето од домашното првенство чија завршница ќе се одржи во Ниш. Црвена Звезда втора сезона по ред го завршува својот пат во АБА лигата во полуфиналето.