Конечно: Роналдо освои шампионска титула во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Во четвртата сезона и по 14 испуштени трофеи, Кристијано Роналдо конечно ја оствари својата мисија во Саудиска Арабија.

Неговиот Ал Наср ја освои шампионската титула во домашното првенство откако вечерва, во последното коло, го совлада Дамак со 4-1 и ја заврши сезоната до 86 бода, два повеќе од Ал Хилал. На Ал Наср му беше потребна каква било победа за да го запечати првото место и успеа во тоа.

Мане го отвори резултаотт во 34. минута, Коман зголеми на 2-0 на стартот од второто полувреме, а откако Сила израмни од пенал, Роналдо со два гола стави точка на сите дилеми.

Ова е прв трофеј на Роналдо во саудискиот фудбал, а вкупно 34. во кариерата. На клупско ниво немаше ниеден пехар од 2021 година кога со Јувентус триумфираше во Купот на Италија.