Соблекувалната експлодира: Моментот кога играчите на Арсенал дознаа дека се шампиони... (ВИДЕО)

Арсенал долго чекаше на шампионската титула во Премиер лигата. Дури 22 години. Од таа легендарна сезона 2003/04, тимот од Северен Лондон не успеа да ја покори конкуренцијата иако постојано беше блиску.

Додека Микел Артета не седна на клупата. Шпанецот се мачеше, постепено го градеше тимот и конечно го изгради. Арсенал синоќа стана шампион на Англија.

Голема услуга им направи Борнмут, кој одигра 1-1 со Манчестер Сити и со тоа ги остави „граѓаните“ на четири бода зад Арсенал. Секако, натпреварот на југот на Англија го следеше целиот тим на „топчиите“ во соблекувалната.

И кога судијата Ентони Тејлор го свирна последниот свиреж, започна големата прослава. Прослава што се чекаше повеќе од две децении.