Челси ќе го тужи Манчестер сити поради Мареска!

Светскиот клупски шампион Челси планира да го тужи големиот ривал Манчестер сити поради тренерот Енцо Мареска кој наскоро треба да го преземе тимот на „граѓаните“.

Англиските медиуми пишуваат дека „сините“ планираат жалба и тужба против Сити поради начинот на кој италијанскиот стратег си замина сред сезона.

Во Челси сметаат дека контактите со Сити сериозни ја дестабилизирале екипата и ја уништиле сезоната на лондонскиот гигант.

Мареска уште за време на престојот на „Стемфорд бриџ“ го известил раководството дека преговара со Сити, а таа информација никогаш не беше официјално демантирана од двете страни.

Поради тоа Челси е подготвен да бара финансиска компензација од поранешниот англиски шампион.