Турам истакна навредливи транспаренти за Милан - го чека казна!

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам истакна навредливи транспаренти на сметка на нивниот градски ривал Милан по освоената титула во Серија А.

Французинот ги провоцираше „росонерите“ додека се возеше на автобусот за време на парадата низ Милано, а поради тоа би можел да добие казна.

Во минатото беа изрекувани парични казни поради овие потези, како на Масимо Аброзини во 2007 година, но и на Мајк Мањан од Милан во 2022 година.

Фото: Facebook/Inter