Проблеми за Шпанија: Јамал ќе го пропушти стартот на СП 2027

Фудбалската репрезентација на Шпанија се соочува со големи проблеми пред Светското првенство (СП) затоа што има неколку повредени ѕвезди, а меѓу нив е Ламин Јамал од Барселона.

Јамал ќе оди на Мундијалот, но поради повреда ќе го пропушти стартот на турнирот, односно нема да биде достапен на дуелите против Зеленортските Острови на 15 јуни и против Саудиска Арабија на 21 јуни.

Враќање на теренот и прв настап на СП 2027 за Јамал се очекува против Уругвај на дуелот закажан за 26 јуни.

Фото: Facebook/FC Barcelona