Кансело испиша историја во европскиот фудбал – подобар е од Роналдо, Бекам, Ибра...
Португалскиот репрезентативец со Јувентус ја освои титулата во Италија, со Барселона триумфираше во Ла Лига, во Германија се искачи на врвот со Баерн Минхен, додека во Англија стана шампион со Манчестер Сити. Со овој подвиг, искусниот бек постави рекорд кој досега не успеал да го достигне ниту еден друг фудбалер, со што дополнително го зацврсти своето место во историјата на европскиот фудбал.
Во групата играчи кои освојувале титули во три од петте најсилни лиги се наоѓаат и имиња како Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Дејвид Бекам, Арјен Робен, Кингсли Коман, Артуро Видал, Максвел и Тијаго Алкантара. Кај тренерите се издвојува Карло Анчелоти, кој е единствениот што има освоено титули во сите пет најсилни европски лиги.