Вардар го реши Силекс и е на чекор до титулата! (ФОТО+ВИДЕО)
Стефан Цветковиќ во третата минута ја затресе мрежата на Силекс за водство од 1-0, а потоа Горан Закариќ од пенал го матираше голманот на кратовчани за предност од 2-0.
Силекс успеа да намали на почетокот на вториот дел преку Едис Бутуровиќ, по што Вардар успешно ја одбрани предноста од еден гол до крајот на средбата (2-1).
Шкендија славеше во дуелот против Струга со 3-1, со што ги задржа минималните шанси за освојување на титулата, иако Вардар има шест бодови повеќе од нив на два кола пред крајот.
Ендрит Красниќи донесе предност за Шкендија во 24. минута, по што Струга веднаш возврати преку Стефан Јевтовски. Тетовци продолжија со нападите, па набрзо преку Ислами ја вратија предност од 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Мазари во 69. минута.
Убедлива победа денеска оствари и Пелистер со 7-0 над Шкупи, па така ги зголеми шансите за опстанок во елитата.









