Лајпциг се пласира во ЛШ и го испрати Сент Паули во понизок ранг (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг триумфираа со 2-1 против Сент Паули во 33. коло од Бундеслигата и се пласираа во Лигата на шампиони (ЛШ), додека нивниот ривал испадна во понизок ранг.

Шлагер во финишот на првото полувреме погоди за 1-0, а на почетокот на вториот дел Орбан зголеми на 2-0.

Сент Паули намали на 1-2 во 86. минута, по што се понадева дека може да избегне пораз, меѓутоа Лајпциг ја задржа предноста и освои нови три бодови.

Останати резултати:

Аугсбург – Борусија Менхенгладбах 3-1
Хофенхајм – Вердер Бремен 1-0
Штутгарт – Баер Леверкузен 3-1

Фото: Facebook/RB Leipzig