Името Васил Рингов осамна на Јужната трибина! (ФОТО+ВИДЕО)

Во денешниот натпревар против Силекс во кој Вардар во зависност и од резултатот на Шкендија може да ја обезбеди шампионската титула, Комити испратија јасна порака за иницијативата Јужната трибина да го носи името на Васил Рингов.

Вардаровите навивачи истакнаа банер додека го скандираа името на Рингов, а подоцна банерот симболично го поставија токму на јужната трибина. Инаку, Вардар претходно ваквата иницијатива веќе ја испрати до Владата и до МОК.

Рингов е легенда на Вардар за кој постигна 97 голови и пет сезони беше најдобар стрелец пред во 1983 година да се пресели во Динамо Загреб. По завршувањето на кариерата, Рингов беше и помошен тренер во Вардар, а подоцна и претседател.