Атлетико Мадрид под водство на Симеоне заработил 900 милиони евра од УЕФА

Атлетико Мадрид оваа сезона стигна до полуфинале во Лигата на шампиони (ЛШ), а со тоа доби 75,15 милиони евра, но се очекуваат дополнителни 30 милиони евра за шпанскиот гигант.

Диего Симеоне го тренира гигантот од Мадрид од 2011 година, а тој е еден од најзаслужните за паричните награди кои ги заработил Атлетико во изминатите години, односно вкупната сума надминува над 935 милиони евра, објави „Марка“.

Најмногу пари во една сезона заработија во 2023/24 кога елитното натпреварување на Атлетико му донесе дури 102,3 милиони евра.