Порто по четири години повторно е шампион на Португалија! (ВИДЕО)
Порто во пресрет на натпреварот имаше ситуација во која и реми ќе му беше доволно за титулата, откако Бенфика претходно киксна на гостувањето кај Фамаликао. Сепак, избраниците на Франческо Фариоли не оставија ништо на случајноста и со победа ја заверија титулата.
Моментот на одлука се случи во 40. минута кога Јан Беднарек ја затресе мрежата за конечни 1-0 и голема радост на „Драгао“.
За Порто ова е враќање на шампионскиот трон по 2022 година, откако во меѓувреме титулите ги освојуваа Бенфика и Спортинг двапати.
Инаку, Бенфика и натаму останува најтрофејниот клуб во Португалија со 38 титули, Порто сега има 31, додека Спортинг е на бројка од 20 освоени шампионати.
O hino @ Alameda 🔵⚪️ pic.twitter.com/6phU2bUKGp
— FC Porto (@FCPorto) May 3, 2026