Лејкерс го оставија Хјустон на само 78 поени и си закажаа полуфинале со Оклахома (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс се пласира во полуфиналето на Западната конференција на НБА откако го победи Хјустон Рокетс со 98-78 како гостин во шестиот натпревар од серијата (вкупно 4-2).

Тимот од Калифорнија ја заврши речиси целата работа во првото полувреме, бидејќи стигна до големи +18 (49-31), и го одржа водството до крајот. Двата тима повторно беа ослабени, кај Хјустон не играше Кевин Дурант, додека Лука Дончиќ беше отсутен кај Лејкерс.

Лејкерс стигнаа до победата благодарение на одличната одбрана бидејќи го оставиија инаку потентниот противник на само 78 постигнати поени. Леброн Џејмс повторно ја презеде одговорноста во нападот со 28 поени, седум скока и осум асистенции, по него Руи Хачимура реализира 21 поен, шест скока и две асистенции.

За Хјустон, Ајман Томпсон постигна со 18 поени, осум скока и три асистенции. Алперен Шенѓун имаше дабл-дабл со 17 поени и 11 скока.

 

 

Лејкерси ќе се соочат со Оклахома Сити Тандер во полуфиналето на Западната конференција, а првиот натпревар е закажан за 6 мај. Вториот полуфинален пар на Западната конференција го сочинуваат Минесота Тимбервулфс и Сан Антонио Спарс.

РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Детроит 79-93 (3-3)
Торонто - Кливленд 112-110 (3-3)
Хјустон - ЛА Лејкерс 78-98 (2-4)