Партизани го отпушти тренерот, Ибраими доби двојна улога
Имено, клубот соопшти дека по лошите резултати ја прекинал соработката со тренерот Олтијон Кернаја, Кернаја не ги исполнил поставените цели пред почетокот на сезоната, па поради тоа во клубот се одлучиле за промена.
Така по неговото заминување улога во стручниот штаб ќе има и Ибраими кој паралелно ќе продолжи да ја извршува и улогата на спортски директор.
Ќе потсетиме, Ибраими исто така во моментов е ангажиран и во Фудбалската федерација на Македонија како дел од Управниот одбор.