Спарс на крилјата на Вембанјама до прво конференциско полуфинале по девет години (ВИДЕО)

Виктор Вембанјама доминираше со 17 поени, 14 скока и шест блокади, водејќи го Сан Антонио Спарс до убедлива победа од 114-95 над Портланд Треил Блејзерс.

Со овој триумф во петтиот натпревар од првото коло од плејофот, тимот од Тексас обезбеди пласман во полуфиналето на Западот каде ќе се сретне со подобриот од серијата меѓу Денвер и Минесота. Спарс водеа од почеток до крај и го елиминираа својот ривал од понатамошното натпреварување.

Диерон Фокс ги предводеше стрелците со 21 поен, Џулијан Шампањ додаде 19, додека дебитантот Дилан Харпер придонесе со 17 поени за тимот од Тексас, кој во еден момент имаше огромна предност од 28 поени.

Спарс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција за првпат од 2017 година. Таа сезона ги елиминираа Хјустон Рокетс, пред повредата на глуждот на Кавај Ленард да го одреди текот на остатокот од сезоната, што резултираше со пораз од Голден Стејт во финалето на Западот.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Филаделфија 97-113 (3-2)
Њујорк – Атланта 126-97 (3-2)
Сан Антонио – Портланд 114-95