Хаос на рели: Таткото на Верстапен удри во дрво и се преврти – едвај остана жив (ВИДЕО)
Несреќата се случила по грешка во проценката на брзината во серија свиоци, по што Холанѓанецот ја загубил контролата и неконтролирано излетал од патеката. Станува збор за страничен удар – еден од најризичните во рели спортот, каде што заштитата на возачите е ставена на сериозен тест.
Трката уште од самиот почеток не одела според планот за таткото на четирикратниот Ф1 шампион. Тој морал да го смени својот стандарден совозач Рено Жамул поради повреда, а како замена влегол Вермеулен, кој за првпат читал белешки на англиски јазик. Дополнително, добиле и казна од 40 секунди поради пребрзо возење, што ги оттурнало на 17. позиција. Сепак, Верстапен сениор покажал карактер и со агресивно возење се пробил до третото место, вклучувајќи се во битката за врвот. Токму таа офанзива заврши несреќно – со излетување и тежок удар што го прекина неговиот настап.
Јос Верстапен минатата сезона ја освои титулата во белгискиот шампионат, што му беше прв трофеј по 2008 година и триумфот во Ле Ман. Во меѓувреме, вниманието на јавноста ќе биде насочено кон неговиот син Макс, кој како актуелен владетел во Формула 1 наскоро ќе дебитира на легендарната трка „24 часа Нирбургринг“.