Навивачите шокирани: Новиот дрес на Реал го прогласија за најгрд во историјата (ФОТО)

На социјалните мрежи денеска се појавија фотографии од наводно новиот дрес на Реал Мадрид со кој шпанскиот тим ќе игра идната сезона.

Навивачите останаа шокирани од изборот на боите иако се уште нема официјална потврда дали навистина така ќе изгледа униформата на поранешниот шампион на Шпанија. За нив е спорен изборот на боите бидејќи лентите на спонзорот на рамото се во црвена боја што е некарактеристична за Реал имајќи предвид дека во минатото тие најчесто биле во црна, сина или златна боја. Бојата на логоата на дел од спонзорите е зелена, па некои од фановите го споредија со гостинскиот дрес на Бенфика.

„Ова е најгрд дрес во историјата“, „Бенфика?“, „Ова е ужасно и лесно би можел да биде дизајн за мексиканската репрезентација“, напишаа дел од навивачите.

Засега од Реал не се огласија по овие информации, а се очекува на почетокот на мај да биде промовира дресот со кој ќе игра тимот идната сезона.