Алармантен повик на Родри: Ќе позапреме или нема да дочекам 32 години

Шпанскиот репрезентативец Родриго Ернандез (29), попознат како Родри, предупреди за растечкиот проблем со преоптовареност на натпреварите во модерниот фудбал, велејќи дека серијата повреди го загрижиле за неговата иднина и здравје ако продолжи со својот сегашен, напорен распоред.

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити се мачеше со неколку повреди во последните години, од кои најсериозна беше скинат лигамент. Последниот шпански освојувач на Златната топка, појавувајќи се во емисијата „Премиер Корнер“ на DAZN, ги изнесе своите размислувања за моменталната состојба на фудбалот, испраќајќи многу директна порака.

„Или ќе позапреме или нема да доживеам до 32 години“, рече тој со загриженост, алудирајќи дека премногу натпревари би можеле предвреме да го спречат понатамошен развој на својот фудбал.

Соочен со трендот на преоптоварување на календарот, Родри јасно стави до знаење дека играчите мора да бидат свесни за своите ограничувања.

„Мора да знаете како да го мерите напорот бидејќи телото има свои граници, а сите ние имаме рок на траење“, рече играчот на Манчестер Сити, кој нагласува дека не сака да ги надмине сопствените можности.

Календарот на УЕФА и ФИФА последните години стана буквално неподнослив. Сезоната почнува во август, а за елитните нема ниеден слободен термин бидејќи постојано се игра на клупско и репрезентативно ниво.