Малку и добри вести за Барселона: Рафиња наскоро се враќа

На денот кога се дозна дека сезонава е завршена за Ламин Јамал, Барселона доби и добри вести, поврзани со бразилскиот репрезентативец Рафиња.

Тој се повреди пред крајот на минатиот месец, играјќи за својата репрезентација што беше втора потешка повреда оваа сезона. Во есенскиот дел од натпреварувачката кампања, Рафиња отсуствуваше околу два месеца и тогаш се забележа колку ѝ недостасува на екипата.

Сепак, се очекува до крајот на оваа недела тој да се врати на тренинзите, а во тимот да се најде на мечот против Осасуна кој се игра на 2 мај во Памплона. Со оглед на тоа што до крајот ќе го нема Јамал, враќањето на Рафиња ќе биде од огромна важност за Барселона која има висока предноста пред Реал, но ѝ претстојат шест тешки кола за да ја обезбеди шампионската титула во Ла Лига.