Леброн како во најдобрите денови, Лејкерс го одбранија домашниот терен (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го победи Хјустон Рокетс со 101-94 и поведе со 2-0 во првото коло од плејофот на НБА.

Леброн Џејмс, во настап неспоредлив со ниту еден друг, го предводеше тимот од Калифорнија до победа, постигнувајќи 28 поени (2/5 тројки), 8 скока и 7 асистенции, во уште еден историски настап. Во отсуство на Лука Дончиќ и Остин Ривс, Маркус Смарт и Лук Кенард придонесоа со 25 и 23 поени.

За Рокетс, Кевин Дурант имаше 23 поени (1/4 тројки), 6 скока, 4 асистенции, но направи голем број грешки (9). Алперен Шенѓун оствари дабл дабл со 20 поени и 11 скока, заедно со 5 асистенции, 4 украдени топки и 2 блокади.

Лејкерс сега имаат две победи предност, а серијата се сели во Хјустон за третиот и четвртиот натпревар.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Филаделфија 97-111 (1-1)
Сан Антонио – Портланд 103-106 (1-1)
ЛА Лејкерс – Хјустон 101-94 (2-0)