Димитриевски ѝ донесе бод на Валенсија против Мајорка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Валенсија одиграа нерешено против Мајорка, а македонскиот голман Столе Димитриевски имаше одличен настап и запиша осум интервенции.

Мајорка ја затресе мрежата на „лилјаците“ во 49. минута по одлична акција, кога дефанзивците на Валенсија го оставија Саму Коста сам пред Димитриевски.

Садик успеа да израмни на 1-1 во 67. минута, по што Мајорка се закани уште неколку пати кон голот на гостите, меѓутоа Димитриевски беше на висина на задачата и ја одбрани својата мрежа до крајот на средбата.

Валенсија се наоѓа на 13. Позиција ѕсо 36 бодови, додека Мајорка има еден поен помалку.

На вториот меч кој се играше од 19 часот, Атлетик Билбао ја совлада Осасуна со 1-0.