Рафиња го чека жестока казна од УЕФА зашто удри по судиите!

Барселона беше елиминирана од Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а Рафиња по натпреварот ги критикуваше судиите и кажа дека каталонскиот клуб бил ограбен.

Шпанските медиуми пишуваат дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе отвори постапка поради жестоките критики на Рафиња кон судиите, а со тоа го чека и суспензија.

Доколку се потврдат шпекулациите, Рафиња би можел да добие три натпревари суспензија и да ги гледа следните европски дуели на Барселона од трибините.

Нејмар имаше идентичен проблем во 2019 година, па УЕФА го казни со три натпревари поради критиките кон арбитрите.

Фото: Facebook/BarcelonaFC