Фудбалер на Велез Сарсфилд промаши скроз празен гол од само – два метри (ВИДЕО)

Фудбалерот на Велез Сарсфилд, Диего Валдес, се најде во центарот на вниманието по едно од најневеројатните промашувања во историјата на ноќешниот натпревар против Централ Кордоба (1-0).

Напаѓачот имаше идеална можност да ја затресе мрежата, но не успеа да реализира на празен гол од само два метри, пропуштајќи речиси сигурен погодок. Тоа беше само првиот од неколкуте нереализирани обиди на натпреварот, но дефинитивно и еден од највпечатливите.

И покрај ваквите моменти, Велез успеа да стигне до триумф и да остане лидер на табелата во аргентинското првенство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SportsCenter ESPN (@scespn)