Барди со асистенција помогна за нов триумф на Коњаспор (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди денеска помогна со асистенција во победата на Коњаспор против Карагумрук (3-0).

Барди во 21. минута му асистираше на Крамер за предност од 1-0 на Коњаспор, а набрзо домашниот тим постигна и втор гол преку Мулека, додека Гонсалвеш ги постави конечните 3-0.

Македонскиот фудбалер досега во турскиот шампионат постигна пет голови и три асистенции оваа сезона.

Фото: Facebook/Konyaspor