Франција нема да го штеди: Мбапе повикан за дуелите против Бразил и Колумбија

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе неодамна се врати од повреда, па многумина очекуваа да ги пропушти пријателските дуели на неговата репрезентација против Бразил и Колумбија.

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, сепак реши да го повика Мбапе за контролните средби кои ќе се одиграат во САД.

„Триколорите“ ќе ја тестираат формата против силни репрезентации, по што Дешам треба да ги избере фудбалерите со кои ќе настапи на Мундијалот ова лето.

Дуелот меѓу Франција и Бразил се игра на 26 март од 21 часот, додека пресметката меѓу Франција и Колумбија е закажана за 29 март од 22 часот.

Фото: Équipe de France de Football