„Во светот постојат малку луѓе кои се полоши од Мишко Ражњатовиќ!“
Меѓу неговите клиенти се Никола Јокиќ, Џанан Муса, Никола Јовиќ, како и нашите Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски. Сепак, не сите во кошаркарскиот свет имаат позитивно мислење за него. Поранешниот кошаркар и екс-спортски директор на Партизан, Зоран Савиќ, упати остри критики кон познатиот агент.
„Не е точно дека не сум сакал да разговарам со Мишко. Би разговарал и со полоши луѓе од него. Малку се такви, но би разговарал ако тоа е за доброто на клубот“, изјави Савиќ.
Тој дополнително објасни дека нема личен проблем со Ражнатовиќ, туку со неговиот начин на комуникација, тврдејќи дека често испраќал пораки преку медиумите до тренерот Жељко Обрадовиќ. Савиќ потенцираше дека Партизан ангажирал играчи од неговата агенција, како што се Алекса Аврамовиќ и Данило Анѓушиќ, но дека тоа не било доволно за агентот.
„Вели дека го третирав како мал српски агент, иако се навикнал да има некаков ВИП третман. Постојано го прашував да ми каже кога последен пат била платена отштета за некој играч? Ја изгради Мега за да може таму да заработува и не нè гледаше како соработници, туку како ривали. Значи, Партизан и Ц. Звезда му се ривали, а не соработници“, заврши Савиќ.