Невиден скандал: Му ја земаа круната на Сенегал, Мароко е шампион на Африка!
Во текот на турнирот сите селекции кои се сретнаа со Мароко негодуваа на судењето, Мароканците беа форсирани за на домашен терен да станат шампиони на Африка.
На зелениот терен тоа не им успеа, финалето го доби Сенегал и тие го кренаа пехарот. Но, сега на зелената маса шампион стана Мароко, нему му ја дадоа титулата.
Телото за жалби на Африканската фудбалска федерација одлучи дека според членот 84 од правилата на Африканскиот куп на нации, им ја одзема победата на Сенегалците и го регистрира финалето со победа на Мароко од 3-0.
Финалниот натпревар изобилуваше со инциденти, а клучот е тоа што во еден момент Сенегалците се повлекоа од теренот по една контроверзна одлука на судиите во самиот финиш. Подоцна се вратија на теренот, го продолжија мечот и победија. Но, сега одлучено дека прекинот во кој Сенегал се повлече, траел предолго и затоа им е одземена победата.